Зверев и Гоф без проблеми до четвртфинале на УС опен

Германскиот тенисер Александер Зверев се пласираше во четвртфиналето на грен-слем турнирот УС Опен, откако без загубен сет го совлада Италијанецот Лучано Дардери.Првиот носител на турнирот славеше убедлива победа со 6-2, 6-2 и 7-6 (7-3) во меч што траеше два часа и 30 минути на стадионот „Артур Еш“.

Кај дамите американската тенисерка Коко Гоф обезбеди пласман во четвртфиналето на грен-слем турнирот УС Опен, откако во осминафиналната фаза ја совлада својата сонародничка со српско потекло, Ива Јовиќ.

Гоф стигна до победата во два сета со 6-1 и 6-4, доминирајќи во девесетминутниот дуел.

Се вчитува...