Зверев и Шелтон во големото финале на УС Опен

Александар Зверев и Бен Шелтон ќе ги одмерат силите во големото финале на УС Опен откако овие двајца тенисери излегоа како победници од полуфиналните пресметки што беа одиграни во текот на ноќта.

Зверев во претходните рунди имаше далеку потешки предизвици, неколку пати играше пет сета, но овојпат успеа да слави со максимални 3-0 во дуелот со Хачанов. Русинот се покажа како незгоден ривал, добро сервираше, но Зверев имаше одговор во клучните моменти, германскиот тенисер го доби првиот сет со 6-3, потоа во вториот и во третиот беше подобар во тајбрејкот и стигна до билетот за големото финале, петто на гранслем турнирите во кариерата на Зверев.

Таму го очекува Бен Шелтон, младиот Американец кој во драматичен дуел славеше над сонародникот Тиафо со 3-1 во сетови. Тиафо беше подобар во првиот сет, но Шелтон одговори со одлична игра до самиот крај, славејќи со 6-3, 6-3, 7-5 за конечен триумф и прво гранслем финале.

Доколку Шелтон слави во мечот за трофејот, тој ќе стане првиот Американец што стигнал до пехар на гранслем турнирите уште од Енди Родик и неговиот успех на УС Опен пред 23 години.

Се вчитува...