Зверев не се шегува

Германскиот тенисер Александар Саша Зверев се пласираше во осминафиналето на Отвореното првенство на САД.

Вториот светски рекет и прв носител на Отвореното првенство на САД продолжува да го трасира патот низ последниот Грендслем за годината откако го победи Алехандро Табил со 3-0 во сетови.

Германецот стигна до осминафиналето триумфирајќи над Чилеанецот за два часа и 25 минути, со 6-2, 7-6, 6-3, а ова е негова прва победа во три сета на турнирот.

Во четвртото коло ќе игра против Лучан Дардери, а потоа противник може да му биде Геа или Ван де Зандшулп.

Се вчитува...