Антиќ: Јас сум „пензионер“, но Мекејлеб добро би и дошол на репрезентацијата

Јорданчо Давитков в понеделник ќе ја одржи првата прозивка на националниот тим во пресрет на претквалификациите за ЕП 2021, а македонскиот селектор на располагање ниту во овој циклус ќе го нема Перо Антиќ. Ова синоќа, по поразот од Олимпијакос, го објави самиот кошаркар, кој јасно стави до знаење дека одлуката за повлекување од националниот тим е донесена многу порано.

Јас се пензионирав од репрезентацијата откако наполнив 30 години. Само го ставаат моето име на списокот бидејќи сакаат да докажат нешто“ – изјави Антиќ, продолжувајќи ја војната што повеќе од две години ја води со раководството на МКФ.

Воедно, поранешниот капитен порача дека ова е одлична можност шанса да добијат младите, но и Лестер Бо Мекејлеб, натурализираниот кошаркар со кого Македонија го оствари најголемиот успех во својата историја.

„Би сакал да го видам Бо Мекејлеб во финалниот избор, тој добро би и дошол на репрезентацијата на која веќе многу и има помогнато. Ова е шанса за младите да го покажат својот талент“ – истакнува Перо Антиќ.

Се вчитува...