Наполи веќе се подготвува за период без Виктор Осимен, кој најверојатно идното лето ќе замине од клубот. Според информациите, Нигериецот е блиску да се пресели во дреост на ПСЖ за 120 милиони евра.
Во меѓувреме доскорашниот италијански првак веќе работи на негова замена. Се споменуваат многу имиња, а едно од нив е украинскиот напаѓач и член на Жирона, Артјом Довбик.
Довбик сезонава блеска во дресот на шпанскиот тим, и е еден од заслужните за успехот на тимот, кој е пред пласман во ЛШ идната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА