Барселона ќе го продава името на „Камп Ноу“ за да го задржи Лионел Меси - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
21/10/2017 19:15
Ракомет
21/10/2017 18:28
Коментари
20/10/2017 19:35
Фудбал
19/10/2017 21:31

Барселона ќе го продава името на „Камп Ноу“ за да го задржи Лионел Меси

Барселона ќе го продава името на „Камп Ноу“ за да го задржи Лионел Меси

Каталонскиот гигант Барселона е пред историска одлука да го продаде името на стадионот „Камп Ноу“, кој во наредниот период ќе биде и комплетно реновиран, за да може да го задржи аргентинскиот интернационалец Лионел Меси во своите редови до крајот на кариерата. Меси е во преговори за нов договор, според кој ќе заработува фантастични 500.000 фунти неделно, а треба да добие и бонус за лојалност од неверојатни 80 милиони фунти.

nov kamp nou 1

Сето ова Барселона не може финансиски да го издржи, а во исто време и да ја финансира изградбата, односно комплетното реновирање на стадионот „Камп Ноу“ кое ќе чини 450 милиони фунти. Токму затоа, се размислува за продажба на името на стадионот за најмалку една деценија, што би донело профит од околу 200 милиони фунти.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.