Бизнис лига: Еуролинк не го искористи играчот плус во дуелот со Лукоил

Пролетниот дел од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Еуролинк и Лукоил. Во текот на целото прво полувреме се играше егал натпревар во кој ниту една од двете екипи не успеа да стекне резултатска предност. Во ваквата игра и на двете страни Лукоил и Еуролинк успеаЈа да реализираат по два гола од добро изработени напади, па со нерешен резутат заминаа на полувремето. Во второто полувреме прва до водство дојде екипата на Лукоил, но Еуролинк успеа да го израмни резултатот, во продолжение на натпреварот и на двете страни се играше израмнето се до самиот крај кога екипата на Лукоил при водство од 4-5 остана со играч помалку што Еуролинк не успеа да го претвори во гол и со тоа да го израмни резултатот па го загуби овој натпревар со 4-5.

Еуролинк – Лукоил 4-5 (2-2)

Еуролинк: Ивица Стефковски 8’ 14’ Раде Бакев 23’ Филип Блажевски 26’

Лукоил: Дејан Зиков 4’ 25’ Љупчо Апостоловски 12’ 22’ Мартин Алаѓозовски 33’

Рамстор супериорен во дуелот со Фабрика Карпош

biznis liga

Екипите на Фабрика Карпош и Рамстор во натпреварот влегоа со доста отворен фудбал во кој целосно беше ставен акцент на нападот. Екипата на Рамстор во ваквата игра подобро се снајде успевајќи да ги поврзе своите редови преку кои доаѓаше до играч плус и изгледна шанса која пет пати ја претвори во гол. Екипата на Фабрика Карпош не се снајде во ваквата игра која очигледно не и одговараше, па Рамстор на полувремето замина со високи 0-5. Во второто полувреме екипата на Рамстор продолжи со одличната игра додека пак екипата на Фабрика Карпош не можеше да пронајде против-игра и немаше своја вечер па на крајот го загуби овој натпревар со 1-11.

Фабрика Карпош – Рамстор 1-11(0-5)

Фабрика Карпош: Игор Николовски 28’ Рамстор: Ведат Арслан 1’ 9’ 38’ Ибрахим Бекир 11’ 16’ 20’ 37’ Арјан Цами 40’ 40’ Зеко Ковачи 25’ Енис Мурселов 28’

Пекабеско борбено до самиот финиш за победа над ЕВН

evn

Во првото полувреме екипите на Пекабеско и ЕВН играа нешто позатворен фудбал со поголем акцент на играта во одбраната прва до водство дојде екипата на ЕВН која преку Новобрдарија во 7. минута поведе со 1-0, но екипата на Пекабеско успеа да го издржи налетот на екипата на ЕВН и преку Рунтев во 17 минута успеа да израмни на 1-1 за полувремето. Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам и се до последната минута имаа израмнет резултат. Во последната минута екипата на ЕВН се обиде со голман-играч да дојде до победа но неколку грешки во додавањето на ЕВН Пекабеско успеа да ги искористи и претвори во гол за победа на овој натпревар од 4-2.

Пекабеско – ЕВН 4-2 (1-1)

Пекабеско: Дарко Рунтев 17’ Јовица Левајковски 32’ Бобан Вујиќ 39’ Маријан Величковски 40’

ЕВН: Ајет Новобрдарија 7’ Бојан Симоновски 27’

Се вчитува...