„Наскоро“ почнува судскиот процес против Манчестер сити

Првиот човек на Премиер-лигата, Ричард Мастерс, изјави дека „во блиска иднина ќе се одржи рочиште за случајот со Манчестер Сити со 115 точки за повреќекратно прекршување на финансиските правила“. Бен Рамсби, новинар на англиски Телеграф, ја објави веста на својот твитер профил.

Некои информации кои се појавија во јавноста на крајот на минатата година укажуваа дека судењето би можело да започне есента 2024 година.

Сити е обвинет по 115 точки за повеќекратно прекршување на финансиските правила. Истрагата започна уште во 2018 година и продолжи до почетокот на 2023 година, а беа проверени и одлуките и работењето на клубот од сезоната 2009/10.

Се вчитува...