Блажевски: Местото на Вардар е на врвот на табелата

Фудбалерите на Вардар се максимално фокусирани на претстојниот дерби дуел со Шкендија (сабота, 14.30 часот), на кој ќе имаат можност да му се реваншираат на големиот ривал за поразот на стартот од новата премиерлигашка сезона. Неколку дена подоцна „црвено-црните“ ќе му се спротивстават на Реал Сосиедад во рамките од Лигата на Европа, но „вардарци“ воопшто не размислуваат на тој дуел, се додека не излезат на мегдан со Шкендија.

Ова за нас беше тежок прв дел од сезоната. Игравме и во Европа, и од тука имавме тешки натпревари. Освен оној пораз со Шкендија и нерешениот резултат со Скопје, на другите мечеви остваривме победи и мораме да бидеме задоволни. Но, верувам дека овој втор дел до крајот на есенскиот дел ќе биде уште подобар и дека ќе успееме да стигнеме до првото место, онаму каде што ни е местото“, изјави Дејан Блажевски.

Тој ги повика навивачите да дојдат во што поголем број и да им дадат поддршка на „вардарци“ во овој дерби натпревар.

Нашата цел на овој натпревар е освојување на трите бода, иако играме против една добра екипа. Меѓутоа верувам дека ако пружиме добра игра, ако играме онака како што ќе се договориме, дека можеме да ја оствариме нашата цел. Ја повикувам и публиката да дојде во што поголем број да ни даде поддршка за да стигнеме до победата на ова дерби“, вели Блажевски.

Се вчитува...