Блажевски се закани од слободен удар, Јовановски одбрани (ВИДЕО)

„Комити“ слават голем јубилеј, 30 години постоење, но засега фудбалерите на Вардар се кадарни да постигнат гол на дербито со Пелистер. Најголемата опасност по голот на Марко Јовановски дојде по слободниот удар на Дејан Блажевски, кој шутираше силно од 25 метри, но голманот на Пелистер успеа да одбрани. Претходно, на почетокот од мечот, Бобан Николов пропушти убава шанса шутирајќи над голот, а Фелипе испрати проектил од 25 метри, но Јовановски и тој обид го одбрани. По 40 минути игра, се уште без голови на арената „Филип Втори“…

Се вчитува...