Довициозо за „влакно“ побрз од Маркес во Јапонија

Возачот на Дукати, Андреа Довициозо, е победник на трката за Големата награда на Јапонија во Мото ГП шампионатот. Топј во неверојатен финиш успеа да биде побрз од бранителот на титулата, Марк Маркес.

Довициозо ја помина целта со само две десетинки предност во однос на Маркес. На третото место на пиедесталот се најде возачот на Пракам Дукати, Данило Петручи.

Патеката во Јапонија беше влажна, врнеше дожд низ текот на целата трка и тоа даде посебен шарм. А шлагот дојде на самиот крај, во последниот круг, кога Довициозо го нападна Маркес и успеа да го претекне за конечен триумф.

Деветкратниот светски шампион Валентино Роси не успеа да ја заврши трката, исто како и другиот возач на Дукати Дани Педроса.

Во генералниот пласман Маркес води со 244 поени, а зад него е Довициозо со 233 бода.

Се вчитува...