Ферари има алтернатива – Ако не може Раиконен, може некој друг…

Кими Раиконен го „троши“ последниот кредит во Ферари, најавија од италијанскиот тим. Доколку Финецот во 2018 година не одговори на очекувањата, го очекува раскин на договорот. Од раководството на италијанскиот тим веќе имаат и неколку алтернативни решенија за местото на Раиконен.

„Мое лично мислење е дека ако го најде вистинскиот пристап, Кими вози како бог! Но, треба да го најдеме тој пристап. Му треба поголема упорност во настапите. Треба да се најде вистинскиот пат на сите патеки да вози како во Монако. Веројантно, ова ќе биде последната сезона во која Раиконен ќе има шанса да го направи тоа. Ќе биде штета да ја напушти Формула 1 без да го открие својот вистински потенција. Ако не успее Раиконен, мислам дека ќе избереме некој млад возач. Леклерк, Џовинаци и Ферстапен се возачи со голем потенцијал кои би можеле да го променат пазарот“ – истакна престедателот на Ферари, Серџо Маркионе.

Кими Раиконен (38) е ветеран во Ф1 со 271 трка во кариерата и со шампионска титула од 2007 година. Но, по враќањето во Ферари во 2014 година Финецот остана во сенка на своите тимски колеги, прво зад Фернандо Алонсо, а потоа и зад Себастијан Фетел.

Се вчитува...