Грдата новина во Ф1 го нервира шефот на Мерцедес

Првиот човек во Ф1 тимот на Мерцедес, Тото Волф, призна дека воопшто не му се допаѓа новиот Хало концепт за заштита на главата на возачите што ќе го имаат сите болиди во Формула 1 од следната сезона. Главната новина на болидите во елитното автомобилско натпреварување веќе предизвика лавина рекации.

Хало концептот  кој се состои од три шипки околу кокпитот на возачот кој треба да има заштитна улога и да спречи делови од другите болиди да завршат во кацигата на возачите и да го загрозат нивното здравје. Има многу отворени прашања околу оваа новина на болидите, не само од естетски, туку и од функционални причини бидејќи на возачите ќе им биде тешко да го напуштат болидот во случај на пожар. Имплементирањето на вој додаток на предниот дел претставува кошмар за сите тимови при дизајнирањето на болидите за следната сезона.

„Тоа е ужасно парче метал, огромен и претежок. Изгледа како целосно туѓо тело кое со задоволство би го фрлил од болидот. Но, мора да мислиме и на сигурноста на возачите и ако постои нешто што ќе заштити живот, ние тоа мора да го ставиме на болидите. Можеби во иднина ќе најдеме нешто што ќе биде естетски попријатно од овој Хало концепт“ – истакнува Тото Волф.

Но, проблем на Хало системот не е само естетиката, туку и целосната фунционалност на болидот со овој додаток на предниот дел.

Сите го имаме истиот проблем. Се работи за десетина килограми поставени на највисоката точка на болидот. Центарот на гравитација се поместува и ќе треба тоа да се компензира. Што значи сето тоа е потполно погрешно“ – вели шефот на Мерцедес.

Се вчитува...