Клоп: Не сме во ЛШ само за да учествуваме, туку и да победуваме

Ливерпул вечерва го очекува тешко гостување против Порто во првиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите, но за Јирген Клоп ова е одличен меч за неговите избраници да се покажат во вистинско светло.

Тоа ќе биде фудбалско шоу, играме против силен ривал. Во Лигата на шампионите се е подобро, авионите се подобри, стаадионите се исполнети, се е на ниво. Да не се лажеме самиот влез во 16-те најдобри во Европа е успех ако се знае кои тимови испаднаа, но ние сега сакаме да покажеме дека не сме тука само за да учествуваме, туку и да победуваме. Немаме од што да стравуваме, Манчестер сити е можеби најсилниот тим во Европа во моментов, а ние пред еден месец го победивме. Имаме право да бидеме оптимисти и пред овој дуел, иако сме свесни дека нема да ни биде нималку лесно со Порто“ – изјави Клоп.

Се вчитува...