Кога Салах дава гол, цел Египет зборува „гага“ на телефон

Мохамед Салах е „фудбалскиот бог“ на Египет, асот што ги одведе „фараоните“ на СП во Русија, а сега во голем стил настапува и во Премиер-лигата. Голгетерот на Ливерпул веќе постигна 32 погодоци, а компанијата „Водафон“ од Египет смисли и одличен маркетинг потег, па во иднина ќе им даде специјална награда на своите корисници за секој следен гол на Салах.

„Мохамед Салах го носи дресот со број 11, па за секој негов гол за Ливерпул ние на сите наши корисници ќе им дадеме по 11 минути гратис разговори“ – соопштија од „Водафон“.

Како тргнал Салах, Египќаните ќе можат долго да зборуваат „гага“ на своите мобилни телефони.

Се вчитува...