Копљар: Ќе дадеме се од себе да ја одбраниме титулата

ЕКИПА во Брест, Белорусија

Томас Ѓорѓиевски

Марко Копљар, десниот бек на Веспрем вели дека неговиот тим и вицешампионот од минатата година Вардар, се најквалитетните екипи во моментов во лигата.  Вели дека и двата тиме многу добро се познаваат, очекува Веспрем да одигра подобро од дуелите кои ги играа во Лигата на шампиони сезонава, каде Вардар во Скопје извојува победа, а од гостувањето во Веспрем замина со реми.

„Ќе играат две екипи кои се познаваат многу добро. Веспрем и Вардар во моментов се најдобрите екипи во лигата, тоа е неспорно. Овие финални натпревари малку по малку создаваат ривалство, што значи дека желбата за победа расте константно. Вардар во Лигата на шампиони еднаш беше подобар од нас, вториот меч заврши без победник, па се надевам дека на овој неутрален терен мечот ќе заврши во наша полза. Ќе дадеме се од себе да ја одбраниме титулата. Ќе победи тимот кој ќе биде психички подобро подготвен“ – ни изјави Копљар по завршувањето на нивниот денешен тренинг.

Се вчитува...