„Кралевите“ сакаат да ја надмудрат Барса: Реал Мадрид со понуда за Осман Дембеле - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Тенис
24/08/2017 1:34
Фудбал
23/08/2017 21:31
Фудбал
23/08/2017 20:12
Фудбал
23/08/2017 18:43

„Кралевите“ сакаат да ја надмудрат Барса: Реал Мадрид со понуда за Осман Дембеле

„Кралевите“ сакаат да ја надмудрат Барса: Реал Мадрид со понуда за Осман Дембеле

Европскиот клупски првак Реал Мадрид се вмеша во трансферот на Осман Дембеле во Барселона. Претседателот на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез, одлучи да не дозволи така лесно ривалот од Каталонија да стигне до услугите на талентираниот фудбалер од Борусија Дортмунд, па и тој испрати официјална понуда за него до германскиот бундеслигаш.

Перез се надева дека ќе искористи дел од добрите релации што го има со раководството на Борусија Дортмунд и ќе успее Осман Дембеле да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“. Тоа би била нова голема победа за „кралевите“ во вечната борба со Барселона.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.