Малинков на преговори за селектор на Македонија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
20/07/2017 13:57
Фудбал
20/07/2017 13:14
Кошарка
20/07/2017 12:02
Фудбал
20/07/2017 8:51

Малинков на преговори за селектор на Македонија

Малинков на преговори за селектор на Македонија

Љупчо Малинков излегува во преден план како еден од фаворитите за функцијата селектор на Македонија, место што се очекува да биде официјално пополнето во следните неколку дена. Младиот стратег на Фени индустри денеска остварил и средба со претседателот на МКФ, Петар Наумоски, на која се дискутирало околу можноста Малинков да го наследи Драган Раца како предводник на сениорскиот национален тим.

Наумоски на последниот состанок на Управниот Одбор обелодени дека прв избор за селектор од домашните стратези му бил Марјан Илиевски, со кого сепак на крајот не бил пронајден заеднички јазик за да се финализира договорот. Малинков беше споменат како една од опциите заедно со Алек Јончевски, но младиот стратег на Фени индустри излегува во преден план по одличните резултати што ги бележи сезонава, освоеното прво место во Првата лига, како и елиминацијата на шампионот МЗТ Скопје во полуфиналето од Купот на Македонија.

Останува да се види дали разговорите ќе вродат со плод, па Малинков веќе во текот на следната седмица ќе биде промовиран во нов селектор, или Наумоски ќе се реши за друга опција.

Само за потсетување, Македонија е во група со Косово и со Естонија во претквалификациите за СП 2019 во Кина, циклус натпревари што ќе се играат во текот на летото, од кој најдобрите две селекции во групата ќе обезбедат место во главните квалификации.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.