„Милионерите“ без четворица првотимци против Дармштад

Борусија Дортмунд денеска му гостува на Дармштад, последнопласираниот тим на табелата во Бундес – лигата, но и „милионерите“ имаат проблеми со составот. Фановите очекуваат триумф на „милионерите“, а тренерот Томас Тухел нема да може да смета на четворица првотимци.

Надвор од комбинација за составот останаа Осман Дембеле, кој заработи повреда на куп – натпреварот со Херта, како и страничните играчи Марсел Шмелцер и Томас Пишчек. Тухел ќе го нема на располагање и Марио Геце, но и покрај ова оптимистички гледа на денешниот дуел.

„Повредените останаа во Дортмунд, но имаме доволен фонд на квалитетни фудбалери за да ја оствариме целта. Посакуваме триумф и три бода“, изјави Томас Тухел.

 

Се вчитува...