Монако како казнена експедиција

Монако на убедлив начин стигна до 18. победа во францускиот шампионат, задржувајќи ја предноста од три бода на врвот на табелата пред Пари Сен Жермен. „Кнезовите“ со 5-0 славеа против Мец и делуваат како казнена експедиција за противниците.

Мбапе и Фалкао по само 20 минути донесоа водство од 3-0. Мбаше го отвори резултатот во седмата минута, три минути подоцна погоди и Фалкао, а повторно Мбапе стрелаше и во 20.минута.

Во вториот дел, и двајцата постигнаа уште по еден гол. Мбапе стигна до хет – трик, а Фалкао беше двоен стрелец.

All Goals & Highlights 5-0 MONACO VS METZ 11… by LiveGoalsTV

Се вчитува...