Може ли сонот годинава да стане јаве (Фотогалерија)

Вардар четврта година по ред стигна до билет за фајналфор турнирот во Лигата на шампионите, но „црвено-црните“ се свесни за две важни работи – дека патот до тронот е многу потежок од сето она што го минаа досега сезонава и дека за искачување до него ќе мора да се игра многу подобро отколку на овие две средби со Митјиланд.

„Вардарки“ имаат потенцијал за да станат европски шампионки, но за да го остварат тоа мора да одиграат на највисоко ниво во текот на целиот Ф4. Впрочем, лекцијата би требало да е научена по оние три полуфинални порази во претходните три години.

За големиот сон годинава да стане јаве, ќе треба максимален ангажман и професионалност, како на играчите, така и на тренерското трио Кокшаров – Дибирова – Станковски, по бројните ротации и експерименти во текот на целата сезона.

[new_royalslider id=”600″]

Се вчитува...