Некар Левен потврди: Талески доаѓа веднаш по СП!

Трансферот на Филип Талески од Металург во Некар Левен е официјален, и на него нема да се чека до јули 2018 година како што претходно беше договорено. Ова утрово го потврди и раководството на германскиот шампион, кој успешно ги финишираше преговорите со Металург за доведување на „македонскиот бомбардер“ во своите редови. Талески не ја криеше желбата што поскоро да се пресели во Бундес-лигата, каде за соиграч ќе го има и репрезентативниот колега Дејан Манасков.

Презадоволни сме што успеавме да издејствуваме Талески да пристигне веќе во јануари, како засилување за нашата бековска линија“ – изјави Џенифер Кетеман, која е една од водечките личности во управата на „лавовите“.

Некар Левен го потврди трансферот на својата официјална веб-страница, наведувајќи дека со Металург било договорено висината на отштетата што македонскиот вицепрвак ќе ја добие да остане деловна тајна.

Задоволството од реализацијата на трансферот не го криеше ниту самиот македонски ракометар.

Секогаш велев дека сакам да играм во Бундес-лигата. Се се одвиваше многу брзо и сакам да им се заблагодарам на сите оние кои помогнаа овој трансфер да се реализираа. Сега сум целосно сконцентриран на настапот на СП во Франција, а потоа со нетрпение ќе ги очекувам првите предизвици со Некар Левен, клуб што според мене е еден од најдобрите во Европа“ – истакна Талески.

taleski print

Се вчитува...