Новицки како во најславните свои денови, триумф и на Лејкерси

Кошаркарите на ЛА Лејкерс и Далас славеа домашни победи против Сакраменто односно Орландо на синоќешните дуели во НБА лигата.

Лејкерси во „Стејплс центарот“ во Лос Анѓелес ги пречекаа Кингси и дома ги испратија со 13 поени разлика (99-86). Прашањето на победникот беше решено во третиот период кога Лејкерси комплетно издоминираа за триумф.

До триумфот ги предводеше Рендл со 22 поени и 14 скока, а Брук Лопез дополни со 18 поени. Кај поразената екипа најефикасен беше Богдан Богдановиќ со 19 поени, а ДеАндре Фокс имаше 15 поени.

Кошаркарите на Далас, пак, славеа против Орландо со 114-99. Далас победи исклучиво благодарение на одлично одиграното второ полувреме во кое успеа да направи пресврт, по претходната предност на гостите.

На своите славни денови потсети Дирк Новицки со 20 поени и три скока, а покрај него и Денис Смит имаше 20 поени. Кај поразенит Арон Гордон заврши со 19 поени.

Се вчитува...