Рекламите на ракавите носат 23 милиони фунти! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/11/2017 14:58
Кошарка
19/11/2017 12:33
Ракомет
18/11/2017 19:25
Ракомет
18/11/2017 18:59

Рекламите на ракавите носат 23 милиони фунти!

Рекламите на ракавите носат 23 милиони фунти!

Клубовите од англиската Премиер лига само од рекламите на ракавите на дресовите годинава заработеле вкупно 23 милиони фунти. Овие реклами ги имаат речиси сите клубови. Со исклучок на Арсенал кој има ексклузивен договор со „Емирати“, како и Манчестер јунајтед и Тотенхем кои се уште не го одредиле својот спонзор, другите клубови од Премиер – лигата за оваа реклама прокнижиле 23.200.000 фунти.

all-sleeve-sponsorship-deals

Најголема заработувачка од оваа реклама има Челси кој од рекламата за јапонската  компанија “Alliance Tyres” добива 7 милиони фунти, додека Манчестер сити има 6 милиони фунти од “Nexen”, компанија која е од истата бранша, но која доаѓа од Јужна Кореја. Милионска сума од оваа реклама има и Ливерпул кој од “Western Union“ добива 5 милиони фунти годишно. За разлика од водечката тројка, сите други клубови имаат многу помали суми од спонзорските договори за овие реклами.

reklami premier liga

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.