Само малери за Агуеро: Го откачи и девојката Карина зошто ја изневерувал

По сериозната сообраќајна несреќа што ја имаше во Амстердам, кога заработи и скршени ребра, па ќе мора да паузира околу еден месец од фудбалот, на Серхио Агуеро му се случи крах и на љубовен план. Тој се раздели со девојката Карина Техеда, инаку позната пејачка во Аргентина.

Агуеро и Карина беа заедно во изминатите пет години, но таа дознала дека тој ја изневерувал кога бил на подготовки со репрезентацијата на Аргентина. По ова решила да си замине од неговиот живот. Сега освен ребрата, Агуеро ќе има и љубовни болки во срцето. Инаку, Агуеро е разведен од ќерката на Марадона, Џанина, со која го има седумгодишниот син Бенџамин.

Што се однесува до фудбалот, најавите се дека напаѓачот на Манчестер сити ќе може да се врати на фудбалските терени кон крајот на октомври.

Се вчитува...