Шок во Кливленд: Ирвинг побара транфсер, не сака да игра со Леброн

Фановите на Кливленд кавалирс вечерва се во шок по информацијата дека Кајри Ирвинг побарал од раководството на клубот да му биде дозволено да си замине. Причината е Леброн Џејмс, откако одличниот бек истакнал дека повеќе не сака да игра крај „кралот Џејмс“ и да остане во негова сенка како што тоа беше случај во претходните две сезони.

Ирвинг и неговиот агент денеска имале официјална средба со раководството на клубот на кое ги искажале своите барања. Според американските медиуми, дел од директорите од претходно биле запознаени со случајот, а Кливленд нема да му стои на патот на Ирвинг, туку ќе настојува што поскоро да ја разреши оваа сага. Неофицијално, најсериозен кандидат за негов ангажман е Сан Антонио, откако спарси подготвиле понуда од Пети Милс, Дени Грин и својот пик од првата рунда на драфтот во 2018 година.

Леброн Џејмс бил разочаран од ваквиот развој на настаните, но порачал дека нема намера да се меша и ќе остави раководството на клубот што поскоро да ја разреши ситуацијата.

Се вчитува...