Спал ја сопре победничката серија на Јувентус

Италијанскиот првак Јувентус имаше долга победничка низа во Серија А и таа прекина на можеби најнеочекуваното гостување, кај аутсајдерот Спал. „Старата дама“ одигра само 0-0 и загуби веројатно два планирани бода во трката за шампионската титула. Сега Јувентус има пет бода предност пред Наполи на врвот на табелата, но „наполитанците“ утре против Џенова на домашен терен ќе го играат мечот од ова коло.

Спал не упати ниту еден удар кон голот на Буфон, но делуваше мошне цврсто во одбраната, па Игуаин, Дибала и Манџукиќ, кој влезе во второто полувреме, не успеаја да го пробијат домашниот бедем.

Се вчитува...