Теодор: Ова е почеток на една прекрасна приказна - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
25/09/2017 15:15
Коментари
25/09/2017 12:12
Фудбал
25/09/2017 11:31
Фудбал
25/09/2017 11:43

Теодор: Ова е почеток на една прекрасна приказна

Теодор: Ова е почеток на една прекрасна приказна

Џордан Теодор денеска го одигра првиот домашен натпревар во дресот на македонската репрезентација, при победата од 80-70 против селекцијата на Бугарија. Американецот се уште не е во топ-форма, но очигледно е дека станува збор за извонреден кошаркар кој ќе биде вистински лидер на националниот тим во претстојниот претквалификациски циклус. Тој го заврши мечот со 15 поени и 4 скока за 26 минута игра, а по натпреварот беше позитивно расположен, фотографирајќи се со фановите кои побараа фотографија за спомен од неговиот прв меч во Скопје.

Се чувствувам добро, ова е почеток на една прекрасна приказна. Игравме добар меч и победивме. Секако дека можеме уште подобро, но мора да се истакне дека не сме доволно долго заедно, а имаме доволно време за воигрување. Првите впечатоци ми се максимално позитивни, имаме квалитетни играчи, а се ќе биде уште подобро кога јас ќе влезам во ритам, ќе влегувам во рекетот и ќе ги разигрувам и центрите и шутерите. Како што реков, ова е почеток на една убава приказна во мојата кариера“ – истакна Теодор.

Тој поради повреда не настапи во последната четвртина, но е убеден дека не станува збор за ништо сериозно.

Незгодно паднав при последното положување во третата четвртина, имав болка, па не сакавме да ризикуваме. Како и да е, не станува збор за сериозна повреда, еве сега се чувствувам сосема добро и верувам дека воопшто нема да паузирам“ – изјави новиот Американец во редовите на македонскиот национален тим.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.