Три гола на Манасков во победата на Веспрем против Целје

Веспрем славеше победа против Целје со 29-22 во натпреварот од последното коло во групната фаза во Лигата на шампионите. Со овој триумф унгарскиот шампион го обезбеди второто место  во групата Б пред следната осминафинална фаза во ЛШ.

Словенечкиот тим во мечот влезе со веќе загубени шанси за пласман во омсинафиналето, но без разлика на решениот пласман, настојуваа да пружат достоен отпор и во поголемиот дел држеа чекор со противникот. До последната четвртина, унгарскиот шампион не успеа да се одлепи на поголема предност од три гола предност (19-16). Сепак, домашниот тим беше подоуспешниот во овој дуел. Во последните десетина минути го скрши отпорот на Словенците и стигна до победа за второ место.

Мате Лекаи беше најефикасен во составот на Веспрем со шест гола, Драган Гајиќ постигна пет, а Блаж Благотиншек четири погодоци. Дејан Манасков во игра беше во првото полувреме и постигна три гола од четири обиди. Кај Целје нападот го предводеа Јака Малуш со шест и Борут Мацковшек со пет гола.

Се вчитува...