Очигледно е дека Вардар сезонава во домашниот шампионат мака мачи со реализацијата. Така беше и денеска на дуелот против Шкупи на кој и покрај најмалку седум одлични шанси за гол, „црвено-црните“ реализираа само една.
На крајот може и да добијат казна, само доколку гостите беа малку поконцетрирани во вториот дел кога исто така создадоа неколку одлични можности, но не реализираа. Како и да е, голот на Барсегјан беше доволен за три бода… А, тоа во моментов е, се чини, најважно за четата на Чеде Јаневски!
[new_royalslider id=”793″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА