ВИДЕО: Алими ја „собра пајажината“ од голот на Гачевски – „Проектил“ од 25 метри!

Шкендија сосема заслужено има водство од 2-0 против Вардар по 70 минути игра во дерби натпреварот од 1. коло во новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Тетовци долго не можеа да го „скршат“ отпорот на Вардар, за да тоа му успее во 61. минута на Арменд Алими кој постигна вистински евро-гол, испраќајќи „бомба“ кон голот на Гачевски од 25. метри…

Се вчитува...