Зошто Конте сака да го напушти Челси?

Антонио Конте има договор со Челси до 2019 година, но постои опција тој да го напушти клубот уште на крајот на оваа сезона. Тој неодамна зборуваше за носталгијата што се почесто го мачи. Но, шпанскиот весник „Ас“ открива која е всушност, вистинската причина што ги наруши односите на тренерот со лондонскиот клуб.

Според „Ас“, Конте сакал да го донесе во тимот, Фернандо Љоренте и бил бесен на управата што не го реализирала трансферот. Тотенхем во меѓувреме испрати за 10 милиони евра поголема понуда во однос на понудата од Челси која изнесуваше 5,5 милиони евра, и го зеде 32-годишниот Шпанец во своите редови.

Сето тоа ги разниша односите на Конте со управата на Челси што според шпанскиот весник може да биде и главна причина Конте да си замине од лондонскиот клуб пред истекот на крајниот рок од договорот.

Се вчитува...