16-годишниот бисер на ПСЖ испиша историја во Лигата на шампионите

Пари Сен Жермен го игра првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите против германскиот Баерн Минхен.

Килијан Мбапе се наоѓа на клупата за резерви на овој меч поради повредата со која се мачеше изминатиот период, а неговото место во нападот на „светците“ го зазема Ворен Заир-Емери.

Со овој настап Заир-Емери е најмладиот фудбалер во историјата на елитното натпреварување кој стартувал натпревар во нокаут фаза. Заир-Емери во моментов има 16 години и 343 дена.

 

 

Се вчитува...