Тешка повреда на Кузмиќ на дербито со ЦСКА

Реал Мадрид одигра одлично на дербито против ЦСКА Моква. но „кралскиот клуб“ остана на подолго време без Огњен Кузмиќ.

Српскиот центар настрада при еден дуел со Отело Хантер под кошот на ЦСКА Москва, веднаш беше очигледно дека станува збор за сериозен проблем со коленото, па Кузмиќ со солзи во очите го напушти теренот.

Кузмиќ требаше да биде големо засилување за „кралскиот клуб“ по трансферот од Црвена звезда, па јасно е дека неговата повреда ќе претставува сериозен проблем за тренерот Ласо.

Се вчитува...