25.000 долари казна за гаѓање на судијата со топка (ВИДЕО)

Демар Дерозен ќе плати 25.000 долари за инцидентот на четвртиот натпревар од првото коло во НБА плеј-офот на неговиот Сан Антонио против Денвер кога во момент на бес ја фрли топката во правец на судијата.

Лигата соопшти дека Дерозен е казнет поради „безобразно фрлање на топката кон официјално лице и кон трибините“.

Тој беше исклучен од натпреварот кој Сан Антонио го загуби, бидејќи доби две технички грешки. По натпреварот изјави дека смета оти судиите донеле лоша одлука, тој бил фрустриран и овие две работи воделе кон непримерниот испад.

Во серијата од првто коло меѓу Сан Антонио и Денвер е 2-2 во победи, петтиот натпревар се игра ноќта вторник кон среда во Денвер.

Се вчитува...