28 години фудбалска репрезентација – од Крањ до остварување на сонот за Европско првенство!

Денеска се одбележуваат 28 години од првиот натпревар на македонската фудбалска репрезентација. Онаа прва генерација на фудбалери која во Крањ ја совлада Словенија со 1-4, и од тогаш почнува фудбалскиот пат на националниот тим кон успехот.

Многу генерации играа во дресот на репрезентацијата, дел од нив беа дел од силните европски лиги. Сите имаа еден сон, една цел а тоа е пласман на големо натпреварување. Конечно тој сон се оствари после 28 години од првиот натпревар. Националниот тим, конечно, стана дел од евроспкиот „крем“. Иако настапот заврши после групното натпреварување, бевме горди на фактот што името на Македонија се најде меѓу најдобрите европски селекции.

Сега сме репрезентација за респект од секого. Сите со други очи гледаат кон македонските фудбалер, со надеж дека оваа генерација ќе го продолжи патот, и ќе има континуитет  за пласман на големите натпреварувања.

Оваа година Горан Пандев, фудбалерот со најмногу настапи во националниот тим, стави крај на настапите во селекцијата.

Во Букурешт во јуни оваа година беа и голем дел од таа прва генерација, многу други фудбалери кои го носеа дресот на Македонија, за да бидат горди што некогаш биле дел од селекцијата, и да ја видат Македонија на Европско првенство. Сега доаѓаат и нови генерации, а сонот е ист. Со надеж дека нема да чекаме толку долго за пласман на ново големо натпреварување.

Се вчитува...