Лука Модриќ е „The Best“!

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ е најдобриот во светот за изминатата година, во изборот на ФИФА. Тој ја доби наградата „The Best“, во конкуренција на Кристијано Роналдо и на Мохамед Салах. „Кралот“ Модриќ со Реал Мадрид го освои трофејот во Лигата на шампионите, а со репрезентацијата на Хрватска стигна до финалето на Мундијалот во Русија. Со ова, Модриќ стави крај на доминацијата на Кристијано Роналдо и на Лионел Меси во изборот за најдобар светски фудбалер.

„Ова беше најдобрата сезона во мојата кариера. Се уште не можам ниту да верувам каква сезона имав на колективен план. Среќен сум што сум тука, и што ја добив оваа голема награда, иако немаше да биде незаслужено доколку наградата заминеше и кај другите двајца фудбалери. Сакам да им се заблагодарам на сите мои соиграчи од Реал Мадрид и од репрезентацијата на Хрватска, без нив оваа награда немаше да ми припадне. Би сакал да ги споменам и сите идоли од генерацијата 1998 на Хрватска, кои не мотивираа и ние да направиме голем успех на Мундијалот во Русија“, изјави Лука Модриќ по добивањето на наградата за најдобар светски фудбалер во изборот на ФИФА.

Се вчитува...