Брестовац објави список од 23 кадети за СП во Македонија

Селекторот Данило Брестовац го објави поширокиот список од 23 ракометари кои ќе се борат за место во македонскиот национален тим за кадетскиот Мундијал што од 5 до 18 август ќе се одржува во нашата земја.

На голманската позиција Брестовац на располагање ќе го има Кизиќ, кој бранеше неколку натпревари за првиот тим на Вардар минатата сезона, а во составот се наоѓаат и Костески и Серафимов, кои веќе имаат зад себе настапи за сениорската репрезентација на Македонија.

Собирот е закажан за 10 јули со почеток во 13:30 часот во Струга во Хотел Арбери.

Кадетската репрезентација на Македонија е во групата Ц заедно со репрезентациите на Аргентина, Нигерија, Јапонија, Бахреин и Данска.

 

Се вчитува...