СЕКОГАШ ДО ВАС: „15 години – Олимпиа Моторс“

ОЛИМПИА МОТОРС – место каде насмевката на клиентите е единица мерка за успех и секојдневна мотивација да ДАДЕМЕ ПОВЕЌЕ и ДА БИДЕМЕ ПОБЛИЗУ – до ВАС и еден до друг во тимот…

15 години одлучно и мотивирано чекориме по патот на успехот поплочувајќи го со добри идеи, успешно реализирани активности и посветеност кон создавањето средина похумана за живеење, творење и давање.

А даваме многу …и ОД СРЦЕ…даваме дел од себе секој октомври обојувајќи го во розово и подигајќи ја свеста за ракот на дојка преку организирање информативна трибина за жените…даруваме крв во организирана крводарителска акција во соработка со Црвениот крст-Скопје…даруваме искрено и за децата од социјално загорзени семејства секоја година вклучувајќи се во проектот „Среќа“ со наши донации…даруваме време и енергја во одбележување и поддржување на месеци посветени на подигање на свеста за превенција на различни болести со организирање настани („Розов Октомври“, Мовмбер…)…донираме храна на оние кои им е најпотребна…

Нашиот 15. роденден го одбележуваме со неколку активности од општествено одговорен карактер, и денес се надоврзуваме со уште една акција, на Розев Октомври и крводарителската акција, со чистење на дел од Јадранска Магистрала! Само со позитивен пример сакаме да делуваме и ја промениме свеста кај сите нас за нашето здравје и нашата животна средина! Тимовите на Olympia Motors и Olympia Motors Outlet се со секојдневна мотивација да ДАДЕМЕ ПОВЕЌЕ и ДА БИДЕМЕ ПРИМЕР, оти отсекогаш веруваме дека моќта на „обичните“ херои на секојдневието лежи во големината на срцето и имањето перцепција за нештата и светот околу нас…

СРЕЌНА нека ни е 15-КАТА! И НЕА ВИ ЈА ПОСВЕТУВАМЕ ВАМ и СЕБЕСИ и тоа одличен 5 за ВАС нашите клиенти кои успевате да препознавате посветеност и професионализам во нас и чиста 10-ка за нашите вработени без кои немаше да има успешни приказни, насмеани лица и ОМО-фирмата ќерка на ОМ!

Се вчитува...