„4-4-2“: Елиф Елмас – една од осумте млади ѕвезди на кои треба да се внимава на ЕВРО 2020

Една од најголемите македонски фудбалски надежи, Елиф Елмас е еден од осум најголеми млади европски ѕвезди, во изборот на реномираниот магазин „4-4-2“, на кои треба да се внимава на ЕВРО 2020.

Претстижниот англиски магазин го издвои името на Елмас како едно на кое треба да се внимава на престојниот европски шампионат, потенцирајќи го притоа и триумфот над Германија во Дуисбург кога 21-годишниот Елмас го постигна погодок за победа од 1-2.

Покрај Елмас, „4-4-2“ ги издвојува уште и Фил Фоден (Англија), Ансу Фати (Шпанија), Дејан Кулушевски (Шведска), Моис Кин (Италија), Сандро Тонали (Италија), Рајан Гравенберг (Холандија) и Доминик Слобослаи (Унгарија).

Се вчитува...