500 дена до ЕП 2020: Ќе учествува ли и Македонија?

Далеку е, но и Македонија се надева дека може да биде дел од ЕП 2020. Одбројувањето започна, остануваат точно 500 денови до стартот на новиот фудбалски самит на најдобрите репрезентации на Стариот континент. За првпат во историјата ќе се одржува во 13 држави, а шанса за настап ќе добијат и најдобрите од Лигата на нации.

Може ли и Македонија да биде дел од следното Европско првенство? На „црвено-жолтите“ им остануваат уште два чекори во Лигата на нации, полуфиналниот дуел против Косово и посакуваното финале кое ќе го одведе победникот на ЕП 2020 година.

Во квалификациите за ЕП, фудбалската репрезентација на Македонија се наоѓа во група заедно со Полска, Австрија, Израел, Словенија и со Летонија.

Се вчитува...