ПСЖ ја прифати понудата да учествува на силниот турнир на младински екипи во Шпанија, но веќе првиот натпревар на „светците“ со генерацијата до 12 години предизвика бурни реакции во јавноста.
Причината е младиот Битшиабу Ел Шадеј, кој делува преимпресивно и премоќно во однос на врсниците, а за кого ривалите веднаш изразија сериозен сомнеж дека ова дете може да има 12 години. Фотографиите на Ел Шадеј многу наликуваат од оние на Ромелу Лукаку од стартот на кариерата на Белгиецот, а ПСЖ тврди дека поседува документи дека ова дете е родено во 2005 и навистина има само 12 години.
Без оглед на присуството на овој „џин“, ПСЖ не успеа да дотурка далеку на турнирот, губејќи 3-2 од Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА