Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси се одлучи да проговори за неговиот однос со најголемиот противник на теренот, Кристијано Роналдо.
Многу изминативе години се пишуваше и зборуваше за нивниот однос, за да сега Меси порача дека тој воопшто и не постои.
„Не може да зборувам каков ми е односот со Роналдо кога ние воопшто и немаме некој однос. Се гледаме на официјалните церемонии за доделување на наградите, се гледаме на терен кога играме меѓу себе и тоа е тоа. Никогаш во животот не сме слушнале надвор од официјални церемонии. Не знам дали во иднина може да бидеме пријатели. Пријателството е нешто кое се гради низ заедничко минато време и запознавање“ – вели Меси.
Аргентинецот пред два дена ја прими наградата „Златна копачка“ на Европа, по четврти пат во својата кариера, а во моментов има и пет „Златни топки“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА