Манчестер сити најверојатно ќе мора да купува нов лев бек откако вечерва беше обелоденето дека повредата на Бенџамин Менди заработена на дуелот со Кристал палас е многу сериозна. Поточно, станува збор за кинење на вкрстените лигаменти во коленото, по што францускиот интернационалец ќе паузира од шест до девет месеци од фудбалските терени.
„Граѓаните“ вечерва преку клупско соопштение објавија дека Менди ќе биде опериран во Барселона, по што ќе се знаат повеќе детали околу времетраењето на рехабилитацијата.
Овој фудбалер летово стана најскап светски дефанзивец откако Сити му плати на Монако 52 милиони фунти за неговите услуги, Менди ги пропушти првите средби поради ситна повреда, за сега да мора долго да отсуствува од терените.
Пеп Гвардиола нема резервна опција на лев бек откако летово ги продаде и Клиши и Коларов, па стратегот на Сити до почетокот на јануарскиот преоден рок ќе мора да експериментира со десниот бек Данило и со играчот за врска Фабијан Делф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА