Младиот македонски репрезентативец Елиф Елмас доби лоши вести од Турција, околу неговата регистрација за турскиот гигант Фенербахче. Барањето на клубот да биде регистриран иако се уште е малолетен, ФИФА го одби. Тоа значи дека тој нема да може да добие лиценца за настап во турското првенство се до јануари, кога ќе нема пречки да биде регистриран во зимскиот преоден рок.
Ова се случува затоа што Елиф Елмас се уште е малолетен, а 18 години ќе наполни на 27 септември. Но, претходно истекува преодниот рок во Турција, па тој не може да биде лиценциран за настап. Фенербахче побара специјална дозвола од ФИФА тој да биде лиценциран како аматер во клубот, но тоа барање, како што информираат турските медиуми, е одбиено.
Елиф Елмас синоќа настапи за македонската фудбалска репрезентација на квалификацискиот меч против Израел во Хаифа, и асистираше за погодокот на Горан Пандев, со кој нашиот национален тим оствари значајна победа (0-1).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА