Дојде време кога лутите ривали Вардар и Пелистер си позајмуваат фудбалери. Македонскиот првак Вардар одлучи да го испрати на позајмица под „Тумбе кафе“ интернационалецот од Гана, Мустафа Куајнор, кој беше најавен како ново засилување ова лето. Откако раководството на „црвено-црните“ го ангажираше Вања Марковиќ како пополнување на празнината поради заминувањето на Стефан Спировски, одлучено е Куајнор да замине на едногодишна позајмица во Пелистер.
„Вечните ривали“ имаат необично добри односи откако Сергеј Самсоненко е газда на Вардар, а Орце Камчев е во структурите на Пелистер. Многу фанови сигурно се прашуваат, каква е оваа ситуација, Вардар и Пелистер се ривали, или сега станаа „братски клубови“?!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА