Ливерпул на крајот e победник во трката за потписот на Алекс Окслејд-Чембрлен. Англискиот репрезентативец се сели на „Енфилд“ за сума од 40 милиони фунти. 24-годишниот фудбалер потпиша шест годишен договор со клубот од Мерсисајд.
Иако британските медиуми вчера тврдеа дека се е готово за Окслејд-Чембрлен да го комплетира трансферот во Челси, сепак, крилото на Арсенал го одби градскиот ривал, со цел да заигра под водство на германскиот стратег, Јирген Клоп.
Репрезентативецот на Англија одигра 198 натпревари во дресот на „топчиите“, постигнувајќи 20 погодоци проследени со 32 асистенции. Неговиот последен меч за екипата на Арсенал беше токму поразот од 4-0 од составот на Клоп. Окслејд-Чембрлен по скоро седум години го напушта тимот од Лондон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА