Крај на сагата Алваро Мората, Шпанецот дефинитивно се сели во Челси, известуваат шпанските медиуми. Сумата на трансферот изнесува околу 80 милиони евра, но ќе има и дополнителни бонуси. Репрезентативецот на „Фуријата“ ќе заработува девет милиони евра по сезона, во следните пет години.
Откако шампионот на Англија ги осигура услугите на Антонио Конте, Роман Абрамович реши да го награди италијанскиот стратег со посакуваниот голгетер, со кој соработуваше претходно во Јувентус. Трансферот на Лукаку во Јунајтед направи хаос во просториите на Челси, па раководството мораше веднаш да најде алтернатива, но за Конте, Мората секогаш беше прв избор.
За Диего Коста ова значи дека дефинитивно е отпишан од клубот, и покрај тоа што беше клучен играч за „сините“ откако пристигна на „Стемфорд бриџ“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА