Талант Душебајев си поднесе оставка

Талант Душебајев повеќе не е селектор на Полска откако трофејниот стручњак самиот си поднесе оставка од оваа функција. Причината е јасна – очајните игри и резултати на Полска во овој квалификациски циклус, откако по трите порази во низа Полјаците синоќа одиграа само 27-27 на домашен терен против Белорусија, губејќи ги сите шанси за пласман на Европското Првенство во Полска.

Резултатите се слаби, а бидејќи јас самиот ги носам одлуките треба да ја понесам и одговорноста. Верувам дека многумина ќе бидат задоволни поради ова“ – изјави Душебајев.

Шпанскиот стручњак барем засега е сигурен на клупата на Кјелце, тим во кој од следната сезона ќе му се приклучи и неговиот син, Алекс Душебајев од Вардар.

Се вчитува...