БРАВО НЕНО: Димитријевиќ феноменален во победата на Баерн Минхен

Феноменална партија имаше Ненад Димитријевиќ за Баерн во победата на својот тим над Лудвигсбург во 33 коло во регуларниот дел од германското првенство. На крајот „Баварците“ славеа триумф од 86-78 во меч во кој доминираа целосно, и го решија победникот уште по првото полувреме.

На крајот македонскиот интернационалец го заврши мечот со 19 поени, и осум асистенции, и четири скока во 32 минути минати на паркетот. Воедно, тој беше и најефикасен на целиот натпревар.

Хјуз од Лудвигсбург со 18 поени беше после него, а неговиот соиграч Обст постигна 17 поени.

Баерн Минхен е во одлична форма и седум победи по ред, и цврста прва позиција на табелата.

Се вчитува...